Мозаик 13.03.2019 15:12

Денес сонце, но утре повторно снег

Денес сонце, но утре повторно снег

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, а веќе утре се очекуваат нови врнежи од дожд и снег на планините.

Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури кои од недела и во првите денови од следната недела на места ќе го надминат 20-тиот степен.

Синоптичарите за денеска најавуваат температури од 7 до 15 степени. Во Скопје максималната температура денеска ќе изнесува 11 степени.