Актуелно 31.01.2019 11:45

Денеска облачно со повремени врнежи од дожд- Утре сончево, а за време на викендот не очекува вистински пресврт во времето

Денеска облачно со повремени врнежи од дожд- Утре сончево, а за време на викендот не очекува вистински пресврт во времето

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините само од снег.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од западен правец.

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност, по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Во сабота ќе биде  умерено облачно, претпладне со магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

Додека пак во недела ќе биде претежно облачно со умерен до засилен југоисточен ветер.

Од утре температурата ќе се зголемува, а за време на викендот ќе достигне и до 15 степени, што ќе предизвика топење на снегот на секаде.