Актуелно 08.10.2018 10:34

Денеска пресуда за Јанкулоска за предметот “Тенк”

Денеска пресуда за Јанкулоска за предметот “Тенк”

Во Основен суд Скопје 1, според најавеното, денеска треба да се изрече пресудата за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во судењето за случајот „Тенк“, кој го води Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Станува збор за одвоено судење, кое почна поради нејзината бременост. Претходно таа беше дел од главната постапка во случајот за блиндираниот мерцедес од околу 580.000 евра, набавен за тогашниот премиер Никола Груевски.

Апелацискиот суд Скопје во петокот ја потврди неговата двегодишна затворска казна за овој случај, а казната на поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, ја намали од 6,5 на 4,5 години.