Актуелно 14.11.2018 22:31

Тортевски: Обвинението во случајот Тенк е ептен тенко дури и дискутабилно, истото може да се оспори

Тортевски: Обвинението во случајот Тенк е ептен тенко дури и дискутабилно, истото може да се оспори

Адвокатот Александар Тортевски во емисијата Топ Тема на телевизија Телма, истакна дека обвинението против поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Тенк“ „е ептен тенко, дури и дискутабилно“.

Тортевски како клучни слабости на ова обвинение го посочува фактот дека не е остварена имотна корист од страна на обвинетиот и предметот односно Мерцедесот се уште активно го користи Владата на Република Македонија, а во него се возат високи претставници на странски држави и меѓународни организации.

Тој додава дека со добри адвокати Никола Груевски би можел да докаже дека навистина се работело за политички монтиран случај и со тоа ќе докаже дека тој лично немал никаква одговорност, а единствена причина поради која е гонет се неговите политички ставови.

– Обвинението во случајот „Тенк“ кој го води СЈО е многу тенко, констатира адвокатот Тортевски.

Тортевски појасни дека во однос на можната екстрадиција на поранешниот премиер, унгарските власти може да постапат исто како и атинскиот суд кој ја уважи аболицијата дадена од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов за Бошковски и Грујевски.