Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.
УВ индексот 9. Утринските температури од 10 до 18, а дневните од 27 до 34 степени.
До крајот на работната недела ќе се задржи претежно стабилно и се потопло време. Во петок ќе има услови за краткотрајна нестабилност на северот и ќе започне да дува поинтензивен северен ветер. За време на викендот се очекува појава на локален дожд и ретки грмежи и ќе дува повремено засилен северен ветер.