Актуелно 19.02.2019 11:21

Денеска сончево, од петок вистински пресврт на времето со снег- за време на викендот не излегувајте од дома!

Денеска сончево, од петок вистински пресврт на времето со снег- за време на викендот не излегувајте од дома!

Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до нула, а дневната од девет до 17 степени.

Во Скопје, слично време, сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до 16 степени.

До четврток ќе се задржи претежно сончево и потопло време. Во петок се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Во сабота ќе дува засилен северен ветер, наместа ќе има слабо провејување на снег. За време на викендот ќе има значително опаѓање на дневната температура.