Актуелно 15.05.2018 13:32

Денеска владата ги задолжи граѓаните за нови 16 милиони евра, државата се задолжува до гуша- резултати нема

Денеска владата ги задолжи граѓаните за нови 16 милиони евра, државата се задолжува до гуша- резултати нема

Денеска Министерството за финансии ја одржа аукцијата на 12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1.000.000.000 денари или 16 милиони евра. Ова е второ задолжување овој месец каде пред повеќе од една недела  владата се задолжи за 9 милиони евра. Само во месец мај државата се задолжи за огромни 25 милиони евра. На официјалната страна на Народна банка на Република Македонија излезе информација за одржаната аукција на државни записи која беше предвидена.

Владата  безглаво се задолжува и ја носи државата во бездна. Експертите велат дека при енормни задолжувања треба да се видливи и градењето на капитални инвестиции но тоа кај оваа влада отсуствува што е алармантно и опасно затоа што државата не оди напред не се градат патишта автопати а од друга страна не се знае каде се трошат огромните пари кои се земаат со огромни камати.

Државата исто така  бележи пад  на капиталните инвестиции како и на градежништвото. Нивото  на реализација на капитални инвестиции во првиот квартал од 2018 година изнесува само 7.4%. Наместо најавеното покачување на платите, имаме пад на платите за 867 денари во однос на февруари со јануари оваа година. Во исто време додека платите паѓаат, цените растат. Граѓаните се се по сиромашни. Овој месец забележан е огромне пад на градежништвото од 45,1 % и исто така и на металургијата.

Овие гранки се носечки за македонската економија и според економистите тоа што стагнираат е загрижувачки факт.

Во јавноста се повеќе излегуваат информации дека владата не води добра економска политика и дека ако продолжи со вакво темпо на задолжување а притоа стагнација на капиталните инвестиции и пад на градежништвото тешко дека ќе се оствари проектираниот раст на БДП за оваа година.