Две лица се нападнати од кучиња скитници во изминатите два дена во Центар.
Околу 9:30 часот вчера на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ А.Г.(29) од Скопје била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.
Во саботата, пак, искасано било 14-годишно момче. Нападот во полициската станица Центар, го пријавил таткото Ј.Н.(37) од Скопје, кој изјавил дека на улица „Капиштец“ неговиот 14-годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.