Финансии 27.11.2024 11:18

Димитриеска-Кочоска: Даночното затајување е предизвик на сите земји, клучно во борбата е соработката и размената на податоци

Димитриеска-Кочоска: Даночното затајување е предизвик на сите земји, клучно во борбата е соработката и размената на податоци

Даночното затајување е предизвик присутен во сите земји, како во неразвиените, така и во развиените, затоа соработката помеѓу земјите и размената на инфорамции е клучна во борбата со овој феномен, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува во Парагвај.

-Даночното затајување е насекаде присутно, дури и во развиените земји, затоа поддршката е потребна на сите, не само на земјите како мојата. Кога се зборува за даночно затајување не е важно само законодавството што ќе се усвои, туку многу поважна е волјата на Владата да успее во борбата со него, рече министерката.

Наведуваќи дека Македонија е членка на ОЕЦД од 2011 година и дека тоа што се уште има висок процент на економска даночна евазија, корупција, сива економија, криминал, значи дека се прави нешто погрешно.

-Овие пет месеци по преземаање на функцијата ги искористив да ги анализирам работите и забележав дека се започнува со политичката волја и даночната администрација. Како пример во 2022 година до нашата даночна администрација имало 24 барања за размена на податоци, а од наша страна само 5. Тоа го покажува интересот на нашата администрација за ова прашање. Затоа приоритет на новата Влада е да се бори со корупцијата и криминалот што претставуа еднинствениот начин како да ги зголемиме приходите во нашиот буџет. Имаме рамни и многу ниски даночни стапки и огромна сива економија и врз основа на тоа одлучивме дека е време да се работи на намалување на сивата економија. Во таа насока, а со цел ефикасно собирање на приходите потребно е да разменуваме инфромации и користење на сите капацитети што ни се на располагање, истакна министерката и додаде дека даночната и царинската администрација се фокусирани на собирање на приходите и борбата со даночното затајување.

Министерката посочи дека размената на информации е многу важна и дека таа треба да се одвива автоматски, а не по барање, особено имајќи го предвид воведувањето на глобалниот минимален данок.

Министерката учествуваше на панел-дискусија посветена на напредокот на имплементација на стандардите за автоматска размена на информации.

Најнови вести