Актуелно 26.09.2018 21:49

Димитров бега од одговор на прашањето: Колку пари чинело прифаќањето на грчките црвени линии за промена на името?

Димитров бега од одговор на прашањето: Колку пари чинело прифаќањето на грчките црвени линии за промена на името?

Потпретседателот на ВМРО-ДПМЕ, Александар Николовски во вчерашното гостување во „ТОП Тема“ го потсети министерот Никола Димитров околу неговата морална вертикала и за тоа како се стигнува до договори каков што е договорот со Грција.

Тој притоа ги спомна мемоарите на Киро Глигоров, каде се понудени пари за промена на името, а воедно го потсети и околу Кочо Анѓушев кој ја продаде својата фирма на грчкото електростопанство 

– Во мемоарите на Глигоров пишува дека Фрчковски му понудил 1 милион долари, амфора и златен ролекс за промена на името. Понатака оваа година видовме кога Кочо Анѓушев кога излезе дека Северна Македонија е решение, си ја продаде фирмата за 4,5 милиони евра на грчко банротирано електростопанство кој што нема никакви активности овдека. Се поставува легитимно прашање дали овој договор има некоја цена и која е таа цена, рече Николовски.