Актуелно 27.08.2018 17:33

Димков: СДСМ го партизира одборот за доделување на Државната награда 8 Септември

Димков: СДСМ го партизира одборот за доделување на Државната награда 8 Септември

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димков на денешната седница на собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата, истакна дека СДСМ го партизира одборот за доделување на спортската државната награда 8 Септември со назначување на таткото на актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода Зоре Темелковски.

– Јас само сакам да истканам и да им се заблагодарам на досегашните членови кои што ја врше ова улога, тоа се претседателот Ѓорѓе Војновиќ, проф. д-р Зоран Радиќ, проф. д-р Ленче Алексовска – Величковска, проф. д-р Јовица Угриновски, д-р Руждија Калач, Александар Пујовски Атанас Николовски, Врбица Стефанов, Пепи Манасков, Зоран Михајлов, Гоце Седловски, Астрид Исени и Мустафа Алиу, потенцираше Димков.

Тој праша зошто уште еднаш се извалка името на спортистите и зошто се партизира овој одбор.

– Во целот одборот е добар, но морам да ја споменам една личност а тоа е Зоре Темелковски на кој не му е местото овде. За сите други се согласувам и гласам, еден по еден би гласал за сите поединечно, да треба да бидат дел од овој одбор. Меѓутоа Зоре Темелковски да биде дел од овој тим не го гледам како личност, тој бил спортски работник меѓутоа да не заборавиме дека неговиот син е градоначалник на Општина Кисела Вода и се прави непотизам со тоа, истакна Димков.

Тој на краот потести дека другиот син е всушност спортски директор на КФМ и спорд некој индиции ќе го назначат за претседател на КФМ, и праша дали фамилијата темелковски се тие што треба да бидат во спортот.