Актуелно 04.11.2018 10:55

Димовски до Тевдовски: Реализација од 27% значи од четири ветени, сте излажале за три ветувања

Димовски до Тевдовски: Реализација од 27% значи од четири ветени, сте излажале за три ветувања

Министерот Драган Тевдовски на собраниската Комисија за финансирање и буџет која денеска ја продолжи расправата за предлог измените и дополнувањата на Буџетот, изјави дека минатата власт не градела, а сега се градело. На тоа реплицираше опозицијата.

-Минатата власт изградила 44 градинки, а 22 реконструирала. Рековте дека вие сте изградиле 24 градинки, ве молам за список во кои градови се изградени. Бидејќи нема град за каде што не се бара градинка, дајте список во кoи градови сте изградиле градинка. Тоа е така заради нереализацијата на капиталните инвестиции. Реализација од 27% значи од четири ветени, сте излажале за три ветувања, за капитални инвестиции, значи изградба на училишта, градинки, цевководи, болници. Ќе дојде нов буџет и пак ќе лажете. Редно е да кажете како министерството за финансии кои министерства не го реализираа планираното, посочи пратеникот Илија Димовски откако беа одбиени 13-тина барања за изградба на градинки од македонските општини.