Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната седница во Собранието рече дека во материјателите кои пратениците ги добиваат нема никаква анализа за тоа што работеле министрите кои вчера беа разрешени. Тој додаде дека таа одлука е политичка.
-Доколку не следи брза реконструкција на Влада, но не врз политичка одлука туку врз одлука за ефикасност на работа на министри, тогаш ќе оставите впечаток дека единствено што ве интересира е политичките усогласувања, а не ве интересира степенот на реализација на програма, не ве интересира степен на реализација на капитални расходи, степен на реазлиација на реформи, успешност во активностите, потенцираше пратеникот Димовски.
Тој упати препорака до премиерот Заев дека мора да направи многу посериозна реконструкција од ова што денеска Заев ја предложи.
-Имате министри кој јавноста не ги запозна, имате министри со катастрофално низок степен на реализација на своите програми кој сами ги предложиле, имате министри со катстрофално ниско ниво на реализација на капитални расходи, му рече Димовски на Заев.
Тој дададе дека пред неколку месеци тој им укажал со политичкиот капитал кои го носат ќе можат да издржат уште неколку месеци, но на крај одговорноста ќе биде на Заев.