Актуелно 31.10.2018 20:40

Димовски: Со стопирањето, власта одлучи до крај на мандатот да не започне со изградба на нов Клинички Центар

Димовски: Со стопирањето, власта одлучи до крај на мандатот да не започне со изградба на нов Клинички Центар

– Кога веќе одлучивте Клинички да не се гради на локацијата одбрана од претходната влада, предупредив дека таквата одлука ќе значи одложување на целиот проект и неизградба на Државен клинички центар најмалку до крајот на вашиот мандат. Вашите одлуки ќе значат дека во Република Македонија во овој мандат нема да започне изградба на Клинички центар, потенцираше Димовски.

Тој додаде дека бидејќи владата се откажала од двете локации доставил предлог во Собранието за нова локација во општина Петровец, затоа што околу Петровец во радиус од 50 до 70 километри гравитираат 970.000 жители од околните градови, а дури и има и аеродром, но додаде дека владата и мнозинството избегнуваат дебата на оваа тема и тоа барање е залутано низ Собранието.

Димовски нагласи дека предлогот на власта Клиничкиот да биде после Ѓорче Петров е нелогичен затоа што само на 30 километри во Тетово веќе има еден Клинички и зошто кога веќе има еден се прави друг во близина, а од друга страна од другите градови граѓаните треба да патуваат и по 200 километри за да се лекуваат.

– Не можам да сфатам како понатаму од Ѓорче Петров е подобро од Петровец кога на 30 километри од Ѓорче Петров има Клинички во Тетово. И во 30 километри би имале два клинички, Тетово и Државен , а ваму за од Битола да дојде некој во државен клинички треба да мине 200 километри, вели Димовски