Живот 09.10.2018 23:09

До Австрија стигнал со 20 марки, а денес создал програм кој го користат милиони

До Австрија стигнал со 20 марки, а денес создал програм кој го користат милиони

Ирфан Шкиљан од градот Јајце како 18 годишник, сакал исто како и неговите пријатели да отиде што подалеку.

Сакал да оди во Канада, Шведска, Австралија, но не можел.

Во џебот имал пари само за билет во Австрија, пишува Бизнисинфо.ба.

Тој е творецот на програмот IrfanView за обработка на фотографии и други материјали.

Ова е најпознат софтвер кој некогаш е создаден од регионалните информатичари.

Но, бидејќи ова е во масовна употреба 22 години, тој има место во учебниците.

Денес тој брои милиони корисници ширум светот.

Сепак, и самиот денес вели дека го изненадил успехот на програмот