Актуелно 18.06.2018 11:23

Додека Заев ги распродава државните интереси , Министерството за финансии ги задолжува граѓаните вртоглаво- Утре ново задолжување од 7,4 милиони евра

Додека Заев ги распродава државните интереси , Министерството за финансии ги задолжува граѓаните вртоглаво- Утре ново задолжување од 7,4 милиони евра

 

На официјалната страна на Министерството за финансии објавени се проспекти за аукција на државни хартии од вредност. Имено, утре закажана е аукција на 15 годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 110.000.000 денари и 12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 350.000.000 денари. Овој износ претворен во евра изнесува 7, 4 милиони евра.

Додека владата ги распродава државните интереси и го менува името Министерството додатно ги задолжува наредните генерации. Капитални инвестиции нема а тоа го докажува и податокот за првото четиримесечје каде реализацијата на калиталните инвестиции изнесува помалку од 11 % што е катастрофален податок.

Владата од почетокот на мандатот ги задолжи граѓаните за повеќе од 1,6 милијарди евра бруто и тој износ постојано расте додека нето задолжувањето е околу 300 милиони евра. Експертите велат дека при отсуство на капитални инвестиции задолжувањата се опасни и погубни за државата.

 

Инаку, истиов месец владата ги задолжи граѓаните на Република Македонија за 22,2 милиони евра. Доколку се додаде и ова задолжување само во месец јуни владата ја задолжи државата и граѓаните за скоро 30 милиони  евра односно 29,6 милиони евра.

Експертите велат дека ваквото континуирано задолжување при отсуство на стартешки капитални проекти ја носи државата во економска пропаст и безизлезност.

 

Најнови вести