Ова манипулативно и повеќезначно прашање, исклучиво е наменето за спас на политичката кариера на Зоран Заев и неколку пајташи околу него, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Реалното прашање требаше да биде исклучиво и само за овој капитулантски договор кој што Зоран Заев го потпиша со нашиот јужен сосед, рече Мицкоски.
Ова значи дека договорот е мртов.
-Од вчера, па натаму, на сите ни е јасно дека тука работата е завршена. Треба да го прашаме и Зоран Заев, конечно дали се помири со вистинската слика во Република Македонија, а тоа е дека овој договор и де јуре и де факто е завршена приказна, истакна Мицкоски.