Најголемата германска банка по неколкугодишно работење со загуби, во 2018-та конечно повторно забележала добивка. Сепак, дивидендата нема да се зголеми.
Добивката на Дојче банк во 2018 година изнесува 341 милиони евра. Минатата година банката забележа нето-загуба од 735 милиони евра. Првиот човек на Управниот одбор на Дојче Банк, Кристијан Севинг е задоволен: „Враќањето во зоната на профит покажува дека Дојче банк е на вистински пат.“
Сега треба добро да се размисли за наредните чекори:
„Во 2019-та натамошно ќе ги намалуваме трошоците и истовремено ќе инвестираме во пораст. На тој начин ќе ја зголемиме супстанцијално профитабилноста и по завршувањето на оваа година“, нагласува Севинг.
Намалувањето на работните места, според него, се одвива според планот. До крајот на годинава треба да останат значително помалку од актуелните 90.000 вработени банкари. Акционерите, и покрај профитот, би требало да добијат иста дивиденда од 11 центи по акција.