Најголемиот германски кредитор Дојче банк денеска објави профит во износ од 1,3 милијарди евра, пред оданочувањето за 2018 година.
Ова е првпат од 2014 година германската банка да пријави профит.
Нето приходот изнесува 341 милиони евра.
– Нашето враќање кон профитабилност покажува дека Дојче банк е на вистинскиот пат. Сега, наш приоритет е да го направиме следниот чекор. Во 2019 година наша цел е не само да ги намалиме трошоците, туку и да направиме инвестиции во развојот, изјави извршниот директор Кристијан Шивинг