Актуелно 01.03.2019 12:39

Дојде живот за сите: Пациенти се возат со „најмодерни“ возила на Итна медицинска помош

Дојде живот за сите: Пациенти се возат со „најмодерни“ возила на Итна медицинска помош

 

Хаосот што владее во здравствениот систем секој ден испливува на површина. Денеска се појавија фотографии по социјалните мрежи кои се најдобар доказ за тоа во каква состојба се возилата на Итна помош што транспортираат пациенти.

Возилото на фотографиите е на Итна медицинска помош со кое секојдневно се транспортираат пациенти во тешка здравствена состојба.

Животот кој го најавуваше Заев дојде за сите, дојдоа и „подобри и модерни услови во здравствениот систем“.

По оваа фотографија можеби министерот за здравство ќе се засрами и ќе допридонесе да се среди здравствениот систем кој успеа за година и нешто да го уништи.