Економија 30.10.2018 13:31

Доколку договорот не се реализира, Трамп најави нови тарифи

Доколку договорот не се реализира, Трамп најави нови тарифи

Претседателот на САД, Доналд Трамп смета дека ќе биде “сјаен” трговскиот договорот со Кина, но предупреди дека има спремни нови тарифи вредни милијарди долари.

Новите тарифи ќе се воведат доколку договорот не се реализира.

“Мислам дека ќе направиме “сјаен” договор со Кина, и мора да биде сјаен, бидејки тие ја експлоатираат нашата земја”, објави Трамп за Ројтерс.

Трамп нагласи во едно интервју дека би сакал договорот да биде постигнат сега, но дека Кина не е подготвена. Тој не го образложи ова тврдење.

“Bloomberg news” објави во понеделникот дека Вашингтон се подготвува да ги објави сите тарифи на увоз од Кина до почетокот на декември, доколку разговорите меѓу Трамп и неговиот колега Си Џинпинг следниот месец не успеат да ја ублажат трговска војна.

САД веќе наметна тарифи за кинеските производи во вредност од 250 милијарди долари, а Кина одговори со реципрочни тарифи за американска стока во вредност од 110 милијарди долари.

“Имам тарифи од 267 милијарди долари кои чекаат да бидат активирани ако не можеме да се договориме”, изјави Трамп.

Американскиот претседател веќе долго време се заканува со воведување на давачки за сите преостанати кинески стоки ако Пекинг не успее да ги исполни барањата на Вашингтон за сеопфатни измени на трговијата со Кина и нејзината политика во областа на трансфер на технологија и субвенционирање на индустријата, додава Ројтерс.