Економија 25.07.2018 19:04

Доколку Трамп ги зголеми царините на европските автомобили

Доколку Трамп ги зголеми царините на европските автомобили

Европската комисија се подготвува да воведе царина за увоз на американски производи во вредност од 20 милијарди долари, ако Вашингтон ги воведе даноците за трговија на европски автомобили, изјави европската комесарка за трговија Сесилија Малмстрем.

„Се надеваме дека нема да дојде до тоа и дека ќе најдеме решение. Во спротивно, Европската комисија подготвува долга листа на бројни американски производи во вредност од 20 милијарди долари“ – истакна Малмстрем за шведскиот весник „Дагенс нихетер” пред да замине за Вашингтон.

Ниедна нова европска тарифа нема да биде насочена кон одредена сојузна држава на САД.

„Тоа нема да биде случај, станува збор за општи производи како што се земјоделски производи, машини, високотехнолошки производи и друга стока“, кажа таа.

Малмстрем е дел од европската делегација која во моментов е на разговари во Вашингтон за трговскиот спор помеѓу ЕУ и САД.