Финансии 26.04.2018 12:18

Драстичен пад на акциите на азиските берзи

Драстичен пад на акциите на азиските берзи

На азиските берзи во средата, цените на акциите значително опаднаа, како и на Вол Стрит еден ден претходно, бидејќи приносите на американските обврзници достигнаа клучно ниво од 3 отсто, а компаниите ги предупредија да ги зголемат своите трошоци за кредитирање.

MSCI индексот на акции од азиско-пацифичкиот регион, со исклучок на јапонските, се намали за 0,7 отсто, падна на најниско ниво во последните три недели.

На Токиската берза, индексот Никеи падна за 0,8 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Сингапур и Хонг Конг паднаа меѓу 0,3 и 0,8 отсто.

Лошото расположение на азиските берзи се должи на растот на приносите на американските државни обврзници, бидејќи поради зголемената инфлација, меѓу другото, поради силниот пораст на цените на нафтата, ФЕД и други централни банки во светот би можеле да ги зголемат каматните стапки.