Актуелно 27.08.2018 10:02

Драстичен пад на температурите од денеска во Македонија

Драстичен пад на температурите од денеска во Македонија

Во Македонија денеска ќе има позначителна промена на времето, кога во поголем дел од земјата ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер. Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, како и пообилни врнежи од дожд, над 20 литри на метар квадратен.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 16 до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4.

Во Скопје слично време, со темепратура од 20 до 24 степени.

Во вторник ќе продолжи да дува засилен северен ветер, а во источните делови се уште ќе има услови за локален дожд. Дневната температура во наредните два дена значително ќе се намали.