Живот 29.06.2018 11:47

Драстична промена на времето викендов: Во недела изненадувачки температури

Драстична промена на времето викендов: Во недела изненадувачки температури

Локален дожд и ретки грмежи најавуваат метеоролозите за попладневните часови во Македонија. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во југозападните делови повремено засилен западен ветер. Минималните температури ќе се движат од 12 до 16 степени, а максималните од 19 до 28 степени.

Од УХМР за утре најавуваат потопло време, попладне со појава  на локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.

Од недела ќе биде претежно сончево и топло. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, главно во планинските подрачја. Минималната температура ќе достигне 16, а максималната 32 степени.