Економија 25.04.2018 10:22

Државата вчера се задолжи за нови 58.5 милиони евра

Државата вчера  се задолжи за нови 58.5 милиони евра

 

Владата од седнувањето на владејачкото столче   до вчера се  задолжија над 1.65 милијарди евра кредити. Додека нивото на нето долгот го зголемија за 566 милиони евра. Задолжувањето не запира и од месец во месец е се поголемо.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека оваа влада нема капацитет за да ја води економијата

„СДСМ откако се дојдени на власт до денес земаа над 1.65 милијарди евра кредити. Додека нивото на нето долгот го зголемија за 566 милиони евра. Задолжувањето не запира и од месец во месец е се поголемо.

Картелот ја лаже јавноста и го крие вистинскиот долг. Картелот крие дека нивото на државниот долг надмина 4 милијарди евра. Картелот лаже и ја манипулира јавноста и го крие овој податок од граѓаните. Картелот лаже дека нивото државниот долг е 3 милијарди и 958 милиони евра, а тој достигна 4 милијарди и 20 милиони евра, .

Зошто лажат и зошто ја манипулираат јавноста? До кога ќе продолжи ова неосновано задолжување и расипничко однесување со парите на граѓаните?“

Експертите велат дека ваквото темпо на задолжување не е добро посебно што нема нови капитални инвестиции.