Актуелно 08.02.2019 19:02

Еден од новите антикорупционери е баџанак на Талат Џафери

Еден од новите антикорупционери е баџанак на Талат Џафери

Нури Бајрами денеска и официјално од Собранието е избран за член на новата Аниткорупциска, е баџанак на претседателот на Парламентот, Талат Џафери- оваа информација за НОВА ја потврди и самиот Бајрами, велејќи дека роднинската врска со Џефери нема да влијае врз неговата работа, ниту одлучувањето.

На прашање на НОВА дали со неговиот избор се фрла сомнеж врз изборот на антикорупционерите, Бајрами одговори- “Нема шанси, нема да потклекнам на никакви притисоци и ќе се борам со секаков вид на корупција, и со високата”.

Бајрами додаде дека не е во крвно сродство со Џафери- тој е женет со сестрата на сопругата на Џафери.