Економија 29.08.2018 13:33

EkoLife ќе даде нова димензија на еко свеста во Македонија

EkoLife ќе даде нова димензија на еко свеста во Македонија

Нова фабрика за еколошки пелети „EkoLife“ е отворена во село Гиновци, општина Ранковци. EkoLife Pellet е инвестиција од три милиони евра, а на почетокот ќе бидат вработени 40 лица.

Според проценките, во идните месеци се очекува бројот на вработени да се искачи на 100. Од компанијата посочуваат дека EkoLife ќе даде нова димензија на еко свеста во Македонија, преку производство на еколошки производи.

Покрај директните вработувања, Eko Life ќе придонесе за значаен економски развој на територијата на општина Ранковце, како и на целата држава преку дополнителните вработувања во делот на добавувачи на репроматеријали.

Фабриката ќе работи со капацитет до три тона на час и веќе поседува сертификат за систем за управување со квалитет EN ISO 9001:2015; систем за управување со животна средина EN ISO 14001:2015 и сертификат FSC® Chain-of-Custody – C142648. Во постапка е добивањето на сертификатот EN Plus.