Актуелно 26.09.2018 15:34

Економијата тоне, инвестиции нема додека Владата планира наредната недела да ги задолжи граѓаните за нови 32 милиони евра

Економијата тоне, инвестиции нема додека Владата планира наредната недела да ги задолжи граѓаните за нови 32 милиони евра

На официјалната страна на Министерство за финансии објавена објавени се проспекти за ново задолжување на 02.10.2018 година. Имено објавени се проспекти на 3 годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 350.000.000 денари и 12 месечни државни записи без девизна клаузула со износ од 1.600.000.000 денари. Вкупната сума на задолжувањето претворено во евра изнесува огромни скоро 32 милиони евра.

Министерството за финансии и Владата постојано се задолжуваат но конкретни резултати во поглед на капитални инвестиции нема. Имено Министерството за финансии минатата недела се задолжи за 57 милиони евра.

Владата на почетокот на оваа година се задолжи со еврообврзница од половина милијарда евра за која само по основ на камати треба да се платат 96 милиони евра.

Експертите коментираат дека ваквиот вид на задолжување без конкретни резултати и без вложување во проекти кои имаат долгорочна и стратешка важност е опасно по македонската економија која и онака стои на климави нозе.

Според нив економскиот тим не успеа да ја крене економијата и дека во голема мера потфрлија и со мерките и политиките. Инаку лани Македонија имаше најмал раст во Европа кога сите земји бележеа одлични резултати на економски план. Голем дел од економистите коментираа дека Владата и економскиот тим не успеаја да ги искористат позитивните економски трендови во светската и европската економија.

Исто така податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во перидот од јануари до август годинава се реализирани само 23,31 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година. Ова е убедливо најмалку во последната деценија. За годинава беа планирани 392 милиони евра за капитални инвестиции.