Државниот производител на струја објави дека следната седмица на аукција ќе понуди вкупно 102.720 мегаватчасови електрична енергија, кои ќе може да ги испорача во јуни, јули и август годинава.
На аукцијата ќе учествуваат лиценцираните трговци и снабдувачи со електрична енергија со кои АД ЕЛЕМ има склучено рамковни договори.
„Продажбата на вишоци на електрична енергија, која е огласена денеска, е прва по подолг временски период, односно АД ЕЛЕМ последен пат продала вишоци од своето производство во 2016 година, во вкупна количина од 16.000 MWh“, соопштија од државната компанија.