Актуелно 21.02.2019 12:43

Сопругата на директорот на ЕЛЕМ стана шефица на кабинет во Централен регистар

Сопругата на директорот на ЕЛЕМ стана шефица на кабинет во Централен регистар

Александра Миновска, сопругата на директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, од октомври минатата година е вработена како шефица на кабинет кај директорката на Централен регистар, Марија Бошковска-Јанковски, пишуваат медиумите. Вработувањето на Миновска доаѓа една година откако нејзиниот сопруг е именуван за директор на ЕЛЕМ, а два месеца откако Бошковска-Јанковски седна на директорското столче во Централен регистар.