Дали општина Битола ја тресе непотизам со оглед дека роднини на поголем дел од советниците од листата на СДСМ – во последната година си обезбнедиле работни позции или во општината или во институции кои се во нејзина надлежност. Од брачни партнери, сестри и браќа, ќерќи и синови, снаи и зетови, внуци се дел од луѓето кои се сместиле во локалните фотелји покрај своите советници во општината, анализира телевизија 24.
Претседател на Советот на општина Битола е Валентин Груевски, кој е вработен во ЈП „Пазари“-Битола. Неговито прв братучед, Бобо Груевски по промената на власта станува советник за култура во општината. Но, Валентин Груиевски тврди дека неговата работа е волонтерска – а за вработувањето на неговиот братучед вели дека не влијаел.
-Слободно може антикорупциска да истражува ако мисли дека има непотизам. Не сум имал никакво влијание. Грешката е што околу 160 вработени, еден ми е роднина, изјави Валентин Груевски, претседател на Советот на општина Битола.
Дека нема непотизам или влијание се правда и советникот од СДСМ, Методија Илиевски, кој истовремено е и подрачен министер за земјоделство, а неговиот брат Михајло Илиевски добил работа во Агенцијата за развој на земјоделството, анализира телевизијата.
„Не сум ја искористил позицијата за да го вработам мојот брат, бидејќи повеќе од шест месеци пред јас да се вработам, тој веќе се наоѓаше на позицијата на која е.“ – изјави Методија Илиевски – подрачен министер за земјоделие, Битола
Откако Татјана Крнцева, станува советник во општина Битола од редовите на СДСМ, нејзиниот брат Ѓорѓи, добива работа во битолскит театар. Но Крнцева, како и остатантите советници вели дека не влијаела.
-Точно е дека брат ми е вработен вод минатата година, но од позиција на советник и функционер од раководството на СДСМ во Битола, не сум влијаела на тоа тоа вработување, ниту сум прекршила некоја законска рамка, изјави Татјана Крнцева, советничка во Советот на општина Битола.
Уште една советничка од СДСМ во општина Битола, Емилија Костурски, која е назначена и за заменик градоначалничка, во исто време е и заменик директорка во медицинското училиште, каде е и професорка, за вработувањето на нејзиниот сопруг Владимир директно во општината и тоа како помошник раководител во секторот за локален економски развој тврди дека единствено неговите квалификации биле пресудни за добивањѕо на работата по смената на власта.
Целата анализа за непотизмнот во Битола, прочитајте ја на порталот на телевизија 24.