Економија 31.08.2018 14:27

ЕУ и САД продолжуваат да имаат длабоки несогласувања во трговските прашања

ЕУ и САД продолжуваат да имаат длабоки несогласувања во трговските прашања

Смирување на непријателството меѓу САД и Европската унија во врска со воведувањето на царините не значи дека двете страни немаат „длабоки несогласувања“ во трговската политика. Ова го изјави европскиот комесар за трговија, Сесилија Малстром, цитирана од „Ројтерс“.

Помирување на билатералните односи уследи по состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во јули, на која шефот на државата се согласи да не наметнува царина за увозот на европски автомобили.

Говорејќи пред Комисијата за трговија на Европскиот парламент, Малмстром го коментираше создавањето на билатерална група, предводена од американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер. Неговата задача ќе биде да се бараат начини да се елиминираат давачките за индустриска стока на двете страни.

„Ние не преговараме ништо, имаме работна група. Имаме длабоки несогласувања со САД за трговската политика“, им рече Малмстром на европратениците.

Еврокомесарот исто така увери дека разговорите меѓу Брисел и Вашингтон не се поврзани со продолжувањето на договорот за Трансантлатнското партнерство за трговија и инвестиции (ТПТИ), против кој се спротивставија голем број европски претставници. Тој беше замрзнат откако Доналд Трамп дојде на власт во 2016-та година.

„Не за обновување на „ТПТИ“ … Ова би можело да биде ограничено со трговски договор, фокусирано само на царините за стоки“, беше категорична Малмстром.

Претходно, таа исто така рече дека ЕУ е подготвена целосно да се откаже од увозните давачки, но само ако САД го сторат истото. Ова значително го надминува договорот помеѓу Трамп и Јункер во јули кога се зборуваше само за индустриски стоки надвор од автомобилскиот сектор.

„Ние ќе го направиме тоа ако го сторат тоа. Останува да видиме“, рече таа и изрази надеж дека евентуалниот договор би можело да биде постигнат до крајот на овој мандат на ЕК, кој истекува во октомври 2019-та година.

Малмстром исто така додаде дека ЕУ ги споделува критиките на САД кон Кина во однос на субвенциите за некои индустрии, државната интервенција и принудниот трансфер на технологија, но според Брисел тоа не е вистинскиот пристап.

„Ги делиме овие загрижености, но не се согласуваме со нивните методи за масовно наметнување давачки од милијарди за Кина, како што направија со Турција. Ние не го делиме американскиот став дека трговските војни се добар и лесен начин за победа“, рече таа.