Европската унија (ЕУ) ќе продолжи да ја развива и зајакнува својата економска соработка со Иран и покрај продолжувањето на американските санкции против Техеран.
Тоа го изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Сингапур.
Изјавата беше распространета од Европската служба за надворешна политика.
„Ќе ја одржиме и развиваме законската економска соработка со Иран, иако САД одлучи да ги продолжи санкциите, прекршувајќи ја посветеноста на Заедничкиот сеопфатен план за акција (СВПД) за иранската нуклеарна програма“, изјави Могерини.
Иранскиот нуклеарен договор беше потпишан во 2015-та година во Виена.
САД планира да ги врати санкциите врз Иран на 6-ти август. Тие можат да влијаат на секоја компанија која соработува со Техеран, вклучувајќи ги и земјите-членки на ЕУ.