Економија 22.06.2018 11:37

ЕУ ќе започне да воведува царини за американските производи

ЕУ ќе започне да воведува царини за американските производи

Европската унија ќе започне со процесот на воведување царини за американските производи.

Давачките ќе се однесуваат на челикот и земјоделските производи, како и бурбонот, путерот од кикирики, брусницата и сокот од портокал.

Потегот на ЕУ следи како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, кој воведе царински давачки за увоз на алуминиум и челик од Европа.