Една нова студија објавена во списанието Social Psychological and personality Science откри дека парите влијаат на перцепцијата на човекот.
Има вистина во познатата метафора која ни кажува дека парите ги прават луѓето студени, објаснува Лони Ројтнер, автор на истражуањето и експерт од Униерзитетот во Базел..
Сепак, студијата за која станува збор покажа дека парите носат заладување, во физичка смисла на зборот.
До ваквиот заклучок дојдоа врз основа на следното: испитанциите кои учествувале во експериментот имале задача да ја проценат температурата на собата каде се наоѓале додека рацете им биле во садови наполнети со пари. Дел од испитаниците имале пред себе сад со вистински пари, а друиот дел сад со обоени парчиња хартии налик на пари. Проценките на испитаниците кои не ги допреле парите биле многу поинакви од оние кои ги допреле, а кои изјавиле дека температурата многу се намалила.
Во друг експеримент во рамки на истото истражување, испитаниците морале да ја проценат температурата на водата по допирањето на парите, односно хартијата. Испитаниците кои допреле вистински пари, водата ја оцениле потопла од оние кои имале работа со лажни пари.
– Тоа што парите често ги поврзувата со студ, сепак не е без причина, заклучи Том Џејкобс.