Живот 01.11.2018 00:07

Еве што обожуваат жените за време на сексот

Еве што обожуваат жените за време на сексот

Мажите честопати се во дилема, бидејќи не знаат што најмногу ѝ годи на нивната партнерка, а ако не соберат храброст и не дознаат, врската е осудена на пропаст.

Жените се малку поотворена и тие умеат да го истражат телото на својот партнер, со цел да го задоволат најдобро што можат.

За да го реши проблемот, еден корисник на форумот „Reddit“ одлучил да ѝ се обрати на публиката поставувајќи едно едноставно прашање: „Дали ве возбудува тоа кога мажите стенкаат за време на сексот? Мене може да ме возбудат женските воздишки, но дали и вие девојките обожавате кога сме гласни во кревет?“

Прашањето за кратко време добило повеќе од 250 одговори, а сите биле помалку или повеќе едногласни: Жените сакаат да чујат машки воздишки за време на водењето љубов, а тоа му дал поттик на срамежливиот читател да се опушти во текот на сексот.

Иако би воздивнувале, многу мажи се контролираат, бидејќи мислат дека тоа не им прилега на нив и дека не им се допаѓа на нивната партнерка.