Мозаик 11.05.2018 14:12

Еве зошто трошиме повеќе, од тоа што заработуваме

Еве зошто трошиме повеќе, од тоа што заработуваме
 Не сме биле во можност да научиме како треба, а од друга страна учиме како не треба. Единствено место каде може да се научи нешто за финансиите се рекламите на банките или продавниците кои заедно со своите производи нудат и финансиски услуги на одложено плаќање, бескаматен кредит итн.

Залудно е да се каже дека рекламите немаат за цел да не едуцираат, туку само да ни продадат нешто. Личните финансии и (не)култирата за штедење и трошење имаат директно влијание на стопанството на една земја. И покрај така важните функции никому не му падна на памет на децата, учениците и студентите да им објасни како во иднина да управуваат со своите финансии.

Со запоставувањето на финансиската едукација, добиваме необразовани граѓани кои имаат потрошено дозволено пречекорување, презадолжена кредитна картичка и по некој кредит.

На кој начин и да ги потрошиме парите, потклекнуваме пред психологијата на рекламата која вели купи-потроши во очекување на импулсивна одлука за купување, со горко искуство кога ќе исчезне еуфоријата бидејќи тоа што сме го потрошиле мора да се отплати.

Животот со трошење пред да заработиме зема се поголем замав, а цената ја плаќаат граѓаните кои никогаш не воделе сметка за своите лични финансии и кои ја делегирале оваа обврска на некој друг. А, тој другиот секогаш има различни мотиви.

Ако разложиме што навистина прават банките, тие всушност на клиентите им продаваат финансиска одговорност, затоа што пред да подигнете кредит не сте во можност да одвојувате средства и да штедите, но затоа откако подигнете кредит лесно успевате да одвоите средства за отплата на рата.

Некој ќе каже дека проблемот е во ниската заработувачка и високите животни трошоци, но едноставно тоа не е точно. Оној кој не знае ефикасно да ги распореди своите приходи, нема ниту да знае без разлика на висината на приходите. Во прилог на оваа констатација, оди и статистичкиот податок кој вели дека пензионерите се граѓани со најниски приходи, најмалку задолжени и најредовни во плаќањето на сметки. Но, тие се “учеле” долго време и затоа сега се отпорни на повиците на секојдневните реклами.

Во финансиите има само две страни: приходи и расходи и само две состојби, добивка или загуба. Во случај да мислите дека сте на нула се лажете, бидејќи животот носи многу повеќе непредвидени расходи отколку непредвидени приходи. Доколку не сте во состојба да управувате со приходите, неопходно е да управувате со расходите. Не треба по секоја цена да се трудите да ги елиминирате расходите бидејќи тоа е невозможно. Потребно е да ги следите, да знаете каде го трошите секој денар, а тоа природно ќе ви ја наметне идејата да ги намалите. Учете од својот однос, составете список на сите месечни и годишни трошоци и започнете да штедите.

Откако успешно ќе ги разграничите желбите и потребите ќе имате можност да се спротиставите на животната психологија за потрошувачка пред да заработите и ќе бидете во можност да ја планирате својата финансиска иднина.