Протестот на “жолтите елеци“ е главна вест на сите светски медиуми.
Освен во Франција, “жолтите елеци“ протестираа и во Белгија и Холандија.
Покрај овие земји, протести имаше во Унгарија, Албанија, а иако не беа директно поврзани со движењето “жолти елеци“, можеше да се најде по некој.
Протести имаше и во соседна Србија.
Според последните информации во демонстрациите во Франција повредени се 135 лица, меѓу кои 17 полицајци.
Уапсени се повеќе од 1.000 лица, а како што наведе францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастане, во цела Франција имало 125.000 демонстранти, додека во Париз биле 10.000.
Ова инаку беше четвртиот последователен викенд како Французите протестираат незадоволни од општата политика на претседателот Мануел Макрон.
Демонстрантите извикуваа „Макрон, оставка“, а некои од нив за новинарите изјавија дека не дошле да демолираат туку да го искажат незадоволството во името на сите граѓани, вработени, невработени, пензионери и млади.
Меѓутоа, имаше нереди.
Полицијата беше гаѓана со камења, запалена беше божиќната елка во Авенијата Елисејски полиња, гореа кантите за ѓубре, разбиени беа излозите. Полицијата користеше солзавец, а билансот е повеќе од 1000 уапсени.
Министерот Кастане навел дека моменталната ситуација е “под контрола“.