Економија 03.05.2018 12:55

Европската комисија со црно предвидување: Македонија енормно ќе се задолжува во наредните години

Европската комисија со црно предвидување: Македонија енормно ќе се задолжува во наредните години

Државниот долг на Република Македонија ќе продолжи да расте, до ниво од околу 44% од БДП во 2019, предвидува Европската Комисија во најновата прогноза за перформансите на Македонската економија, која беше објавена утринава.

– Поради трошењето од државата, амбицијата на владата го намали фискалниот дефицит на 2.5% од БДП е амбициозен и тешко остварлив. Владата нема направено кратења на трошоците, ниту пак има спроведено мерки за зголемен приходи за да го оствари планираниот фискален дефицит (освен зголемувањето на висината на акцизата на горивата до ниво од 0.2% од БДП). Планот за консолидација на среден рок, се потпира на номинален раст. Државниот долг се очекува да расте оваа и следната година, поради буџетските дефицити и постепеното зголемување плаќање на каматите и новите задолжувања со кои се покрива фискалниот дефицит и да го финансираат големиот долг кој доажа за наплата во 2020.– стои во предвидувањето на Европската комисија.

Ова предвидување на Европската Унија е прилично фаталистичко, ако се има предвид дека државниот долг е само дел од вкупниот јавен долг на државата. Кога на овие 44% кои ги најавува ЕК ќе се додаде и јавниот долг кој во првото тромесечје од оваа година изнесуваше 47.25%, математиките покажуваат дека во 2019, вкупниот јавен долг може да достигне и над 55% од БДП, што може да значи и банкрот.

Во исто време, од ЕК за Македонија прогнозираат раст на БДП од 3.1% за оваа и 3.3% за наредната година, но самите во извештајот се вели дека и ова е тешко остварливо ако се имаат предвид задолжувањата.

 

 

Извор: Лидер

Најнови вести