Живот 23.04.2025 13:47

Европските и американските индекси во пораст по изјавата на Трамп дека нема да го замени Пауел

Европските и американските индекси во пораст по изјавата на Трамп дека нема да го замени Пауел

Европските и американските индекси денеска главно се во пораст откако претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека не планира да го смени претседателот на американската централна банка Џером Пауел.

Оваа вест ги смири инвеститорите кои беа загрижени за независноста на ФЕД и стабилноста на монетарната политика, пренесува CNN.

Американскиот министер за финансии Скот Бесант, исто така, предложи потенцијална деескалација во трговската војна меѓу САД и Кина и нагласи дека администрацијата на Трамп не се обидува да ги раздвои двете најголеми економии во светот.