Актуелно 13.09.2018 19:00

ФОТО: Поставена скулптура од едно евро во Скопје, граѓаните истата ја нарекоа „Вице Заев“

ФОТО: Поставена скулптура од едно евро во Скопје, граѓаните истата ја нарекоа „Вице Заев“

Скулптура на монета од едно евро денес е поставена во центарот на Скопје.

Целта на оваа граѓанската акција „Зачекори напред, изборот е твој“ како што велат уметниците  е поддршка на напорите за приближување на Македонија и нејзините граѓани кон ЕУ како насока за која нема замена.

Но, граѓаните и овде го искажаа својот став и револт кон актуелната состојба во македонската политика и во она што политичарите на власт го прават со Република Македонија.

„Едно евро“, за македонскиот народ не е симбол на Европската Унија, туку на начинот на работење на актуелната власт. Граѓаните денес на скулптурата закачија порака од она што најмногу ги асоцира на изјавата на премиерот каде бара поткуп од „Едно евро за Вицето“, односно за неговиот брат.

Скулптурата, според граѓаните, се вика Вице Заев, а истата ја претставиле како подарок од семејството Заеви за Скопје.