Мајтапот на градоначалниците од редовите на СДСМ врз граѓаните никако да запре.
Откако вчера Штип се пофали дека асфалтирале 1000 метри патишта, денеска општина Аеродром на Фејсбук објави дека поставиле 100 канти за отпадоци и 100 клупи во општината.
-Поставени се 100 нови клупи и канти за отпадоци и 600 заштитни столпчиња на територијата на Општина Аеродром. Дотраената и оштетена урбана опрема ја заменуваме со нова, а дополнуваме и нови локации, според потребите на граѓаните, стои во статусот.
По ова Аеродромци бурно реагираа на социјалните мрежи и му порачаа на Златко Марин веднаш да се фати за работа или да си замине од функцијата градоначалник.