Актуелно 27.11.2018 23:19

ФОТО: Штип асфалтираа 1000 метри улица, а Аеродром постави 100 клупи и 100 канти за отпадоци

ФОТО: Штип асфалтираа 1000 метри улица, а Аеродром постави 100 клупи и 100 канти за отпадоци

Мајтапот на градоначалниците од редовите на СДСМ врз граѓаните никако да запре.

Откако вчера Штип се пофали дека асфалтирале 1000 метри патишта, денеска општина Аеродром на Фејсбук објави дека поставиле 100 канти за отпадоци и 100 клупи во општината.

-Поставени се 100 нови клупи и канти за отпадоци и 600 заштитни столпчиња на територијата на Општина Аеродром. Дотраената и оштетена урбана опрема ја заменуваме со нова, а дополнуваме и нови локации, според потребите на граѓаните, стои во статусот.

По ова Аеродромци бурно реагираа на социјалните мрежи и му порачаа на Златко Марин веднаш да се фати за работа или да си замине од функцијата градоначалник.