Актуелно 21.03.2019 23:17

Героски со жестока критика за власта: Решавањето на спорот за името не е оправдување за незадоволителните перформанси на владата на Заев

Героски со жестока критика за власта: Решавањето на спорот за името не е оправдување за незадоволителните перформанси на владата на Заев

Новинарот Бранко Героски во своето гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија жестоко ја критикуваше власта на СДСМ поради незадоволителните перформанси во областа на реформите изминативе години.

Имено тој истакна дека власта веќе е длабоко во втората половина од мандатот и нема повеќе оправдувања за неисполнетите ветувања и реформи.

Героски напомена дека ниту решавањето на спорот за името не оправдување со оглед на фактот што не сите министри во владата се занимавале со ова прашање.

-Не се согласувам дека во реформите не можело во овој период да се оди малку побрзо и подинамично. Решавањето за спорот за името не е оправдување. Затоа што не се ангажираше целата држава сите такси возачи, келнери, вработени не го решаваа сите спорот. Има кој работел на спорот, овие другиве што правеле во меѓувреме. Да се разбереме 2020 година декември доаѓаат редовните парламентарни избори. Неколку месеци пред тоа ќе имаме Пржинска влада и практично оваа влада на власт е објективно уште година и неколку месеци. Значи веќе е длабоко во втората половина од мандатот и не можеме кога владата е втората половина од мандатот се немаше време, се немаше сили, се немаше ова или она. Перформансите ги видовме, не се задоволителни, вели Героски.

Најнови вести