Актуелно 21.03.2019 22:01

Героски: Заев ветуваше дека јавниот обвинител ќе го избира опозицијата

Героски: Заев ветуваше дека јавниот обвинител ќе го избира опозицијата

Новинарот Бранко Героски во своето гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија ја потсети македонската јавност на едно од неостварените ветувања на опозиционерот Зоран Заев дека кога неговата партија ќе дојде на власт, опозицијата ќе го избира јавниот обвинител.

Говорејќи на тема преговори помеѓу власта и опозицијата за реформи во правосудуството и судбината на СЈО, тој посочи дека Заев мора да го оствари ова ветување ако сакаме да живееме во една нормална и демократска држава. Героски додаде и дека на овој начин би се создало поголемо ниво на доверба на граѓаните во системот.

-Мора да ги расчистиме прво на ниво на факти работите. Тоа дека опозицијата треба да предлага јавен обвинител, беше предизборно ветување на тимот на Заев кој сега е на власт. Поминаа две години од мандатот. И во една демократска држава јас не гледам ништо лошо во тоа да опозицијата го предлага јавниот обвините, претседателот на државна Комисија за спречување на корупција. Така се создава поголемо ниво на доверба во системот, вели Героски.