Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев на денешната собраниска комисија за труд и социјална политика и порача на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска дека е министер во Република Македонија, а не во Шведска, нагласувајќи дека доколку навистина се грижи за лицата со попреченост треба од Фондот за иновации од оние 300.000 евра кои што ги дале на своите пријатели да ги дадат на Собранието се со цел да се адаптира токму салата каде што моментално се одвива дискусијата за предлог законот.
-Некогаш се добива претстава дека можеби сте министер во Шведска. Јас не мислам дека сте министер во Шведска, мислам дека сте министер во Македонија и би ве замолил доколку сакате ова Собрание да биде по пристапно за лицата со попреченост, би ве замолил од Фондот за иновации, од тие 300.000 евра кои што ги дадовте на своите пријатели да овозможите адаптација на оваа сала и да можеме тие средства подобро да ги употребиме, затоа што мислам дека апсолутно не е во ред тоа што го правите, вели Ѓорчев.
Ѓорчев посочи дека сиромаштијата во Република Македонија се повеќе се зголемува а има стагнација на економијата на пензиите.
Тој ја праша Царовска дали во тој еден 1 процент на лица кои што имаат се повеќе приходи ги вметнала и Зоран Заев Вице Заев и нивните блиски пријатели.
-За жал во Република Македонија имаме зголемување на стапката на сиромаштија, која што оди нагоре. Имаме стагнација на пензиите и стагнација на вкупните економски движења кои што се исто така евидентни. И во делот на оние 1 посто, министерке Царовска не ни кажавте дали во тие 1 процент кои што имаат се повеќе и повеќе приходи ги сметате Зоран Заев Вице Заев и нивните пријатели.