Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев за време на својот претстој во Берлин се сретна со претседателот на германскиот Бундестаг Волфганг Шојбле.
За време на средбата пратеникот Ѓорчев се заблагодари на гостопримството на германскиот Бундестаг за ПС на ОБСЕ, како и за долгогодишното партнерство помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ како сестрински партии.
Воедно пратеникот Ѓорчев оствари средба со претседателот на ЕПП Џозеф Дол, кој го водеше состанокот на пратеничката група на ЕПП при ПС на ОБСЕ.
Како меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорчев се заблагодари на претставниците на останатите сестрински партии за поддршката во која пратеничката група на ЕПП при ПС на ОБСЕ преку официјална изјава остро го осудува политичкиот прогон во Македонија и се бара ослободување на политичките затвореници, како и одговорност за вооружениот упад на полицијата во домовите на пратениците и нивното приведување без симнување на нивниот законски и уставен имунитет.