Денеска заедно со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Божиновски и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Бране Петрушевски гo посетивме сточниот пазар во Долно Коњаре и населените места Долно и Горно Коњаре, напиша членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил.
-Се сретнав со нашиот работлив, но напатен народ, видов искрени луѓе, кои чесно работат да си го заработат својот леб, од сите нив се слушаше една порака – Вака веќе не бива. Им го земале достоинството велат, името го дадоа, две години ништо не направија. Разочараноста од власта овде, како и на сите места кај што бев е огромна. Луѓето сакаат држава каде ќе имаат еднакви можности, правда и правичност. Луѓето бараат економијат да тргне напред, откупот на земјоделските култури да биде подобар. Луѓето бараат понижувањата да запрат. Решението на сите тие проблеми е едно – Масовно излегување на претседателските избори и давање поддршка за Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде причина за распишување на предвремени парламентарни избори, на кои ќе го поразиме Заев и СДСМ.