Годишниот собир на Светскиот економски форум оваа година ќе се одржи меѓу 22 и 25 јануари, во Давос, Швајцарија. Оваа година собирот се одржува со главна тема Глобализација 4.0. како назив за оваа фаза од глобализацијата кога светот се соочува со големи предизвици како што се менување на економскиот модел, менување на клулните параметри за мерење на успешноста на економиите, надминување на јазот меѓу сиромашните и богатите, трансформација на индустријата и климатските промени.
Изборот на темата ги предизвикув сите натпреварувачки наративи кои доминираа во изминативе 40 години, а кои го обликуваа нашиот свет. Во изминатиот период БДП беше крал, а земјите гонеа дерегулација, олабавување на контролата на капиталот и либерализација на пазарите на труд. Ерупцијата на популарниот гнев кој ги обликуваше политиките во последните години во многу земји беше неуспехот на неолибералниот модел. Сепак, во текстовите објавени на официјалната веб страница на Светскиот Економски Форум, забележуваат дека сепак не постои закон кој вели дека глобализацијата мора да е трка до дното, а дека за доброто на човештвото Глобализацијата 4.0 мора да раскине засекогаш со неолиберализмот.
Глобализацијата 4.0, како што ја нарекуваат, мора да понуди нов наратив за да го замени екстративниот, сексистички и злоупотреблив јазик на неолиберализмот во изминатите неколку декади, стои во текстот насловен како ,, Глобализација 4.0 може да е брилијантна иднина – ако се расчисти со неправдите на минатото“, објавено на сајтот. Ќе биде потребна многу поголема соработка меѓу владите за да одново се напишат правилата за финансиите, трговијата, платите и даноците.
На сајтот на Светскиот Економски Форум е поставен интерактивен дијаграм на меѓузависности меѓу различните сегмети кои ја градат таканрачената Глобализација 4.0. https://toplink.weforum.org/knowledge/insight/a1Gb0000001RIhBEAW/explore/summary